Категории

Ретко кој Македонец знае која е вистинската Баба Марта, а ја знаете ли вие легендата?

Имено, во периодот кон крајот на март и почеток на април често ненадејно знаат да задуваат ветришта и да падне снег кога за тоа не е време, а за таквите временски околности се употребува едноставен израз – Баба Марта.

Легендата вели дека таа прво се налутила кога римскиот крал  Нума Помпилиј ѝ го одзел првото место во календарот додавајќи пред неа уште два месеци. Оттогаш, таа навредена  старица, станала непредвидлива. Еден момент во неа се буди воинствениот дух на богот Марс, па така се одмаздува праќајќи студ на земјата, за  во друг момент да реши со топлата насмевка да испрати пролетна радост.

1 2

Прегледи:
871
Објавено на:
18.03.2016