Категории

Ретко видени приватни фотографии од Фреди Меркјури и неговиот долгогодишен партнер

Еден од најталнтираните пејачи кои некогаш живееле, Фреди Меркјури, покрај тоа што е познат по неговиот неверојатен и незаборавен глас, е познат и по неговата борба со сидата заради која замина пребрзо. 

Фреди беше дијагнозиран со СИДА во 1987, а почина од компикации во 1991 година. Покрај него секогаш бил неговиот партнер, иако Фреди неговиот приватен живот го криеше далеку од очите на јавноста.

Џим Хатон го запознал во 1984 година, а веќе од наредната година биле неразделни. Нивната врска беше далеку од очите на јавноста, бидејќи Фреди секогаш сакал да го држи својот приватен живот настрана. Сега овие фотографии се достапни благодарение на мемоарот Mercury and Me на Хатон кој вметнал фотографии од нивниот заеднички живот, од разни прослави и патувања, нивни интимни моменти во нивниот дом.