Категории

Ретро моден аксесоар кој ќе го обожаваме оваа година

Ниедна модна комбинација не е потполна доколку ги немате вистинските аксесоари

Едноставно ги обожаваме аксесоарите. Само едно парче може да направи огромна разлика во стајлингот и да го претвори во екстравагантен или модерен. Веќе е јасно дека жените обожаваат накит и квалитетната бижутерија претставува слатко задоволство што секоја дама сака да си го пружи.

Секоја година се појавуваат нови трендови кај аксесоари, а многу од нив се такви кои ни се враќаат од минатите години. Во оваа година, ни доаѓа едно особено ефектно парче накит кое ќе му се допадне на сите модни фанатички.

„Синџир“ ланчињата се враќаат на големата врата од ’70-тите и ’80-тите. Елеганцијата, минимализмот и префинетоста која ја носат со себе ги прави исклучително класично парче накит кое е задолжително во колекцијата на секој тренди девојка. Тие се вклопуваат во секаков стил на гардероба, од елегантен до кежуал и деловен.

Прегледи:
39
Објавено на:
02.01.2020