(РЕЦЕПТ) Брз вегански летен ручек со тиквички од 3 состојки

Ако сакате тиквички, оваа комбинација за ручек сигурно ќе стане едно од вашите омилени јадења. Се подготвува само од 3 намирници.

Тиквичките се најповолната и омилена здрава намирница за почетокот на летото.
Содржат витамини А и Ц и фолна киселина, а нивната ниска калорична вредност совршено се вклопува во секој вид исхрана.

Секој искусен кувар ќе ви каже дека е важно да ги процедите тиквичките пред подготовка за да не пуштат премногу вода на силна температура. Исецкајте ги тиквичките на коци, посолете ги и ставете ги во лонец со дупки, цедалка, а под него ставате сад. Оставете ги да отстојат час време па потоа подгответе ги.

Рецепт за брз вегански ручек со тиквички:


Состојки:

  • 2 тиквички
  • 300 гр шампињони
  • 2 црн лук
  • Зачини (бибер, сол, босилек и останати зачини по желба)


Начин на подготовка:

Исецкајте ги тиквичките на коцки и ставете ги да се процедат. Исецкајте го црниот лук и испржете го на масло. Исецкајте ги шампињоните и тиквичките па додадете го и лукот. Зачинете по желба, отстранете ја тавата од огнот и послужете со сезонска салата.




Коментари

[fbcomments]