Категории

РЕЦЕПТ: Чоколадно суфле на кое ретко кој може да му одолее

Кој друг може да одолее на сочно и крцкаво чоколадно суфле? Направете суфле без брашно и почестете се себе си и вашите најблиски за најслаткото чоколадно задоволство.

СОСТОЈКИ:

  • 120 гр. црна чоколада
  • 6 јајца
  • 2 лажици милерам
  • 2 лажици рум
  • путер, шеќер

ПОДГОТОВКА:
Растопете го чоколадото на апреа или во микробранова печка, а потоа додадете жолчки, рум и милерам, а потоа сè измешајте добро. Во друг сад изматете ги белките во цврст шлаг. Додадете ја смесата со белка од јајце малку по малку во мешавината од чоколадо додека не добиете компактна текстура. Керамичките садови премачкајте ги со путер и посипете ги со шеќер од сите страни. Истурете ја смесата во садови, и со нож од горе извадете ја вишокот маса од суфле и наредете ги садовите на плех за печење, па ставете го плехот во рерна загреана на 200 степени. Оставете суфле да се пече 12 минути додека смесата не нарасне.

Прегледи:
75
Објавено на:
01.03.2021