Категории

РЕЦЕПТ: Чоколадно задоволство на дофат на дланката

Ако сакате да правите разни десерти и ако вашата кујна секогаш мириса на цимет и други ароматични состојки, имаме нешто апсолутно неодоливо за вас.

Подгответе ги сите ваши сетила затоа што ви донесуваме рецепт за одлично чоколадно задоволство кое се подготвува брзо и лесно, а можете да го употребите и со помош на микробранова печка.

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • ¼ шолја растопено кокосово масло
  • ¼ шолја чист јаворов сируп
  • 1/3 шолја индиски путер
  • ½ шолја пченичко брашно
  • ¼ шолја какао во прав
  • 1 лажица прашак за пециво
  • прстофат сол
  • ¼ чоколадни трошки за украсување
  • шлаг крем од кокос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад со средна величина соединете ги јајцата, екстрактот од ванила, кокосовото масло, јаворовиот сируп и индискиот путер. Додадете го брашното, какаото во прав, прашакот за пециво и сол. Добро соединете ги состојките и посипајте со чоколадни трошки. Смесата поелете ја на 4 мали садови или шолји кои можат да се подгреваат во микробранова печка. Загрејте го секој сад посебно по 20 секунди. По вадењето додека се сеуште топли украсете со шлаг од кокос.

Прегледи:
624
Објавено на:
03.10.2020