Категории

РЕЦЕПТ: Десерт за паметење – Карамелизиран ананас со мед и цимет

Сладок ананас печен во сопствен сок со додаток на мед, кафеав шеќер, лимон и ароматични зачини! Ова едноставно задоволство го одзема здивот.

Состојки:

  • свеж ананас
  • две лажици кафеав шеќер
  • две лажици мед
  • половина лажичка цимет
  • лажичка екстракт од ванила
  • ѕвезден анасон
  • сок од половина лимон

Подготовка:

Исчистете го ананасот, па ставете го во плех со соодветна големина.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Измешајте ги шеќерот, медот, ванилата, циметот и сокот од лимон, па со добиената смеса премачкајте го ананасот. Печете 20-25 минути додека ананасот убаво не порумени. Сервирајте топло, по желба со сладолед.

Уживајте!

Прегледи:
357
Објавено на:
18.07.2022