Категории

РЕЦЕПТ: Домашен лек против кашлица кој прави чуда

Домашниот сируп од мајчина душица и ѓумбир, велат од шега лечи кашлица. Овој рецепт кружи на интернет и луѓето велат дека им помогнал на првиот ден од употребата.

Еве како да го подготвите:

  • 3/4 шолја мед
  • 1 1/2 шолја вода (додадете уште ако сакате да ја разредите кога сирупот е готов).
  • 2 грст свежа мајчина душица
  • 1 парче ѓумбир од 4 см.

ПОДГОТОВКА:

Во водата ставете мајчина душица и ѓумбир и почекајте да зоврие, па оставете да крчка уште 5-10 минути. Потоа тргнете го од оган, додадете го медот кој нежно ќе го измешате во сирупот и оставете да отстои половина час до еден час. После тоа, префрлете го во шише или тегла и чувајте го во фрижидер.

Прегледи:
623
Објавено на:
29.11.2021