Категории

РЕЦЕПТ: Фин гулаш – Ручек кој се подготвува „сам“

Додека вие сте зафатени со домашните обврски, ставете го да се готви и за кратко време ќе имате брз и вкусен ручек.

Гулашот на многумина им е омилено јадење во студените денови од годината. Не само што се работи за вкусен ручек на лажица кој ќе ве стопли и ќе го заштити вашиот организам, тоа е и ручек кој се „подготвува сам“.

Гулашот е подготвува од ефтини парчиња месо кои со долготрајна термичка обработка се трансофмираат во најфини и најмеки залаци.
Доволно е само да ги ставите вистинските состојки во лонец и да го пуштите да „крчка“ неколку часа на тивка температура, додека вие ги извршувате домашните обврски.

Состојки:

  • 500 гр свински кокци за гулаш без коски
  • 200 гр шампињони
  • 2 парчиња лук
  • 2 црвени пиперки
  • 2 главици кромид
  • 1 лажица концентриран доматен сос
  • Зеленчук по желба
  • 1 лажица мелен пипер
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажица брашно
  • сол и бибер по желба
  • маслиново масло

Подготовка:
1.Коцките месо ивалкајте ги во брашно па избржете ги на малку масло. Пржете околу 10 минути се додека не добијат благо румена боја.

2.Извадете го месото од лонецот.

3.Додадете малку масло и испржете го лукот и пиперките насецкани на парчиња.

4.Додадете го и кромидот и пржете околу една минута.

5.Додадете концентрат од домат и сето тоа добро измешајте го.

6.Во лонец варете го месото, додадете ги шампињоните насецкани на парчиња, додадете и зачини.

7.Поклопете го лонецот и пуштете на тивка температура да се готви околу 2 часа, односно се додека месото не стане меко.

Прегледи:
716
Објавено на:
24.09.2020