Категории

РЕЦЕПТ: Мраморен колач

Зимски десерт со сентиментална вредност

Мраморниот колач е старински десерт и еден од наједноставните колачи со кои сме пораснале. Мек и вкусен колач со какао, одличен со кафе, чај или шолја млеко. А при тоа, доста достапен и лесен.

Мраморниот колач своето име го има добиено поради шарите кои потсетуваат на мермер а кои се постигнуваат со лесно мешање на светло и темно тесто.

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 250 гр. брашно
  • 200 мл. масло
  • 12 кажици млеко
  • 1 лажица сода бикарбона
  • сок од 1 лимон
  • 2 лажици какао
  • малку шеќер во прав за наросување или прелив по желба

 

ПОДГОТОВКА:
Изматете ги жолчките, додадете шеќер, масло, млеко, сок од лимон, сода бикарбона, брашно, и на крајот изматена белка.
Поделете го тестото на два дела па во едната половина додадете какао.
Во калап за куглов или обичен калап сиптајте го жолтото тесто, па во средината кафеавото, а можете и со лажица да ги прошарате едното со другото.
Колачот печете го во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
Извадете го од рерна а потоа од калап префрлете го во сад за сервирање. Можете да го поросите со шеќер во крав ако не сте љубител на чоколаден прелив, доколку сте, можете да го прелиете со глазура од црна чоколада и масло.
Одлично оди со млеко, чај и кафе.
Пријатно!

Прегледи:
1393
Објавено на:
29.11.2020