Рецепт на денот: Хумус од авокадо

Нема ништо подобро од домашен намаз за доручек, а особено ќе ви се допадне превкусниот хумус од авокадо.

Сè што ви е потребно е …

  • 250g варена леќа
  • 3 лажици маслиново масло
  • авокадо
  • 3 лажици сок од лимон
  • чешне лук
  • Сол, бибер и куркума по желба

 

Подготовка:

Исечете го авокадото на половина.

Ставете ги леќата и маслиновото масло во блендер и убаво изблендирајте додека не се добие компактна смеса. Потоа додадете го авокадото, сокот од лимон, ситно сецканиот лук, сол, бибер и куркумата. Сè добро изблендирајте додека состојките не се соединат.




Коментари

коментари