Рецепт на денот: Компир со лушпа со лосос и свежо сирење

Одлична идеја за вкусен и здрав ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 300 г печен лосос
  • 350 г свежо кравјо сирење
  • сок од 1 лимон
  • 4 поголеми млади компири
  • млад спанаќ
  • 1 лажица путер
  • маслиново масло
  • сол и свежо мелен пипер

Подготовка: 

Загрејте ја рерната на 190 °C. Измијте ги компирите, исушете ги и избодете ги со вилушка на сите страни. Ставете ги на лим за печење па ставете ги во рерна да се печат еден час. За тоа време во загреана тава со малку маслиново масло и две помали лажици путер препечете го лососот. Исчистете го од кожата и коските, иситнете го со вилушка и ставете го од страните.

Во поголем стаклен сад помешајте го свежото сирење, лососот, лимоновиот сок. Посолите по желба и измешајте. Измијте го младиот спанаќ и зачинете го со мешавина од маслиново масло, лимонов сок, сол и пипер.

Откако ќе се испечат компирите, распоредете ги во чиниите. Исечете го врвот на компирите и во отворот ставете ја подготвената смеса од свежо сирење и лосос. Од страна додадете ја салатата од млад спанаќ.




Коментари

коментари