Рецепт на денот: Латино бургер со авокадо (РЕЦЕПТ)

Бургерот претставува еден од омилените оброци на љубителите на месо. Но, постојат многу состојки кои можат сосема да го променат неговиот вкус и да го направат уште понеоодлив. Погледнете го овој рецепт за латино бургер.

Состојки: 

  • домашно пециво (брашно 00, путер, јајца, шеќер, млеко, сув квасец)
  • јунешка плескавица
  • чедар сирење
  • зелена салата
  • сланина
  • гвакамоле намаз
  • зрело авокадо
  • сок од лимета
  • свеж лук
  • маслиново масло
  • лист од коријандер
  • сол
  • пипер
  • сос за скара
  • 1 л кечап
  • 1 лимон
  • 3 стапчиња цимет
  • 1 дл сос од соја
  • 0,0 л јаболков оцет

Подготовка:

Испечете ја плескавицата да биде средно печена за да остане сочна, а пецивото малку потпечете го. Во бургерот ставете ја плескавицата, сирењето, салатата, а сосот за скара и гвакамоле намазот ставете ги по желба, но не претерувајте. За гвакамоле намазот измешајте ги сите состојки, а за сосот за скара ставете ги сите во лонец, освен лимонот и циметот и потоа оставете ги во лонецот 30 минути. Процедете ги сите низ ситно цедило, повторно ставете ги на оган уште 30 минути се додека не згусне.




Коментари

коментари