Рецепт на денот: Печен компир со мајонез и палента (ВИДЕО)

Подгответе вкусен печен компир на едноставен начин, кој е мек и се топи во уста. Потребно е многу малку масло, а мајонезот му дава посебен вкус под непцата. Уживајте во овој супер рецепт.

Состојки:

  • 1,500 г компири
  • 4 полни лажици мајонез
  • 3 лажици палента
  • 1 лажица ситна црвена пиперка
  • 1 лажичка сол + да се посоли варениот компир
  • лук во прав или друг зачин (не е задолжително)
  • 2 лажички масло
  • сусам (не е задолжително)

Подготовка:

Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Варете ги околу 20 минути за да не бидат премногу меки. Оставете ги да се оладат па посолете ги, ставете ги на голем плех кој е обложен со хартија за печење (може и без). Секој компир премачкајте го со премазот од мајонез, ставете сусам по желба и печете на загреана рерна на 220 степени. Предноста на овој компир е што и кога ќе се олади и отстои е мек и многу вкусен.

Добар апетит!

 




Коментари

коментари