Категории

Рецепт на денот: Тортиља со мелено месо и бешамел сос

Доколку сте љубител на мексиканската кујна, тогаш тортиља е вистинскиот избор за вас. Ова е рецепт со готови тортиљи, кои можете да ги најдете скоро во секој маркет. Исто така, одлични се да ненајавени гости!

Состојки:

  • 8 готови тортиљи
  • 400 гр мелено месо + 1 главица кромид
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • сол и зачини по желба
  • бешамел сос
  • 1 полна лажица брашно
  • 30 гр путер
  • 250 мл млеко
  • сол по желба
  • 2 домати

Подготовка:

Запржете го кромидот додека омекне, а потоа додадете го меленото месо, а при крај и зачините. Бешамелот пригответе го така што во теџере на тивко ќе го ставите путерот да се топи, се додава брашното и се запржува. Потоа се додава претходно замлачено млекото за да не се направат грутки во сосот, потоа сол и мешајте се додека не се згусне сосот. Оставете бешамелот малку да се олади, а потоа мачкајте го на секоја тортиља. Додадете од месото и по две парчиња домат и оброкот е подготвен за дегустација.

Добар апетит!

Прегледи:
3381
Објавено на:
24.07.2018