Категории

РЕЦЕПТ: Неодоливи чоколадни мафини во облик на новогодишни елки

За празниците изненадете ги вашите најмили со преслатки мафини во облик на новогодишни елки.

Веќе пристигна денот да се простиме од 2020 година и да ја дочекаме новата 2021 а со тоа и започна подготвувањето на новогодишната трпеза. Овој пат ви споделуваме една интересна и необична идеа за која сме сигурни дека сите ќе бидат воодушевени особено ако имате малечки деца.
Еве како гласи рецептот за овие преслатки чоколадни мафини.

СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 250 мл. јогурт
  • 100 гр. путер
  • 300 гр. брашно
  • прашак за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 200 гр. млечна чоколада (150 гр. за смесата за мафини, 50 гр. за украсување)

ЗА УКРАСУВАЊЕ НА МАФИНИТЕ:

  • 250 мл. слатка павлака или 2-3 лажици шлаг пена
  • зелена боја за конзумирање
  • корнети, машнички, украсни бомбони

ПОДГОТОВКА:
Две цели јајца добро изматете ги со шеќер. Потоа додадете стопен путер, а потоа и јогурт. Додадете какао прав, па потоа и брашно. Кога сето тоа добро ќе се соедини додадете и сода бикарбона и прашак за пециво. Се добро измешајте, искршете ја чоколадата па додадете ја во смесата.

Смесата ставете ја во калап за печење мафини кои сте ги обложиле со хартиени корпички и тоа до половина на корпичките. Преку додадете уште малку чоколада. Печете во загреана рерна 25 минути на 180 степени. Оставете ги мафините да се изладат.

Изматете ја слатката павлака. Малку одвојте во кеса за фил. Остатокот од павлаката обојте го со зелена прехрамбена боја и сипајте во друга кеса. Мафините ставете ги во украсен калап и украсувајте со шлаг. На шлагот ставете корнети. Корнетите крекријте ги со зелен фил од павлака и украсете со машнички, бомбони или други украси по ваш избор.

Пријатно и Среќна Нова година!

Прегледи:
442
Објавено на:
30.12.2020