Категории

РЕЦЕПТ: Палента на поинаков начин – Кремаста палента од рерна

Оваа метода за кремаста палента од рерна ни доаѓа од Шил Пракаш, авторката на готвачот „Mediterranean Every Day“ и сигурни сме дека ќе ве воодушеви.

СОСТОЈКИ ЗА 4 ПОРЦИИ:

  • маслиново масло
  • 1 шолја (163 гр.) палента (крупно мелена, не инстант или за брзо готвење)
  • 1 лажичка сол
  • свежо мелен црн пипер
  • 4 шолји (1 л.) вода
  • ½ шолја (28 гр.) свежо изрендан пармезан
  • 2 лажички (28гр.) путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Ставете малку маслиново масло во сад за печење со величина 20×20 и премачкајте го дното. Ставете ја палентата, сол и малку црн пипер. Налејте вода и измешајте додека да се соедини.

Печете непокриено 40 минути. Извадете од рерна и измешајте коцки сирење и путер (путерот не треба потполно дасе растопи). Вратете во рерната и печете непокриено додека сета течност не се упие и палентата не стане кремаста – од 8 до 10 минути. Измешајте еднаш или два пати и послужете со прелив по свој избор.

Прегледи:
99
Објавено на:
30.10.2020