Категории

РЕЦЕПТ: Превкусни крцкави колачи кои се топат во уста

Овие неодоливо меки кекси со путер од лешници се идеални за есенските утра

Овие колачи ќе ги засакате уште веднаш. Постојат неколку причини за тоа: едноставни се за правење, се прилагодуваат кога се во прашање состојките, прилично се здрави (како за кекси) и најважно од се – се топат во уста. А во студените магловити есенски утра сакаме да имаме вкусни колачиња при рака да се засладиме со шолјата кафе или чај.

Овие меки кекси можете да ги подготвите и во варијанта со путер од бадеми, или други јаткасти плодови по желба – оние кои ги имате при рака и ги сакате.

Состојки:

  • ½ шолја (125 гр.) течен путер од лешници
  • ¼ шолја (75 гр.) оризов сируп
  • 2 лажици маслиново масло
  • прстофат сол
  • 1 шолја (130 гр.) брашно
  • 1 лажица прашак за пециво
  • 60 гр. ситни парчиња лешници



Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Измешајте го путерот од лешници со прстофат сол, оризов сируп и масло. Во друг сад постепено мешајте го брашното и прашокот за пециво.
Измешајте ја мократа смеса со сувата и додадете ги сецканите лешници.
Плехот обложете го со хартија за печење, кексите облијувајте ги со рацете па ставете ги во рерна на 170 степени околу 10 минути.
Кексите ќе понат да мирисаат и благо да поруменат, но немојте да ги препечите.
Кога ќе бидат готови ќе бидат меки на допир, оставете ги малку да оладат пред да ги послужите.