Категории

РЕЦЕПТ: Шненокле – Неодолив десерт кој нема да го заборавите

Schneenockerln – Шненокле е името на кремастиот, воздушен колач кој е специјалитет на австријската кујна и се смета за еден од највкусните традиционални десерти.

„Остров кој плови“, „Птичјо млеко“ се само неколкуте различни називи и варијации на името на овој неодолив десерт кој веруваме дека кога еднаш ќе го пробате, нема никогаш да го заборавите.

Иако се чини дека шненокле се подготвува едноставно, тоа сепак подразбира и малку кулинарски вештини.

СОСТОЈКИ:

  • 1л. млеко
  • 4 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 2 големи лажици брашно

ПОДГОТОВКА:
Издвојте ги жолчките од белките. Сипајте млеко во лонец со дебело дно и вклучете ја ринглата на средна јачина.
Додека млекото се загрее, цврсто изматете ги белките. Користете мала брзина на миксерот, па потоа посилна за белките да не спласнат. Кога млекото ќе почне да врие, белките ќе бидат изматени.
Намалете ја јачината на ринглата на најтивко и во млекото кое врие со лажица додавајте облачиња од изматените белки. Кога ќе почнат да нараснуваат, вртете ги да се зготват и на другата страна.
Готовите облачиња вадете ги со лажица со решетки од садот и ставајте ги во сад во кој ќе ги послужувате.
Млекото отстранете го од оган. Во жолчките додадете шеќер и ванилин шеќер, па добро изматете додека не побелат и почнат да се пенат. Додадете две полни лажици брашно и прво лесно измешајте ги со лажица па потоа со миксер.
Во добиената смеса додадете две лажици топло млеко па промешајте додека не се соедини.
Млекото варете го на рингла и вклучете го на тивко, па со непрестатно мешање лесно вливајте ги изматените жолчки. Продолжете со мешање се додека не добиете густа кремаста смеса.
Кога кремот ќе биде готов, прелијте ги кнедлите кои ги направивте преднодно и оставете сето тоа добро да се излади.
Во Франција на крајот се додава карамел како прелив и јаткасти плодови – бадеми.

Пријатно!

Прегледи:
150
Објавено на:
06.12.2020