Категории

РЕЦЕПТ: Smoothie bowl со праски и малини за вкусен и здрав почеток на денот

Смудито на многумина е најдрагиот избор за појадок или ужина кога се работи за вкусен и здрав оброк кој го правиме за миг. Доволно е во блендер да ставите малку овошје и/или зеленчук, јогурт или млеко – и смудито е подготвено за конзумирање.

Последните неколку години доста популарен избор е и smoothie bowl. Најважното е да биде доста густ и кремаст за да можете врз него да ставите семки, овошје и јаткасти блодови без да „потонат“. И баш како што е случај со смудито, можете да додадете што сакате по сосптвен вкус.

Со оглед на тоа што сега е сезоната на праските, во продолжение во донесуваме рецепт за smoothie bowl со мраски и ималини за вкусен и здрав почеток на денот.

Потребни состојки:

  • 2 праски
  • 150 гр малини
  • половина банана
  • течен јогурт
  • 1 лажица мед

Сите состојки ставете ги во блендер и измиксајте. Готовото смуди ставете го во фрижидер. За да добиете смуди bowl, во смесата додадете состојки по желба. Можете да додадете овесни снегулки, сецкани ореви или бадеми, чиа семки, ленени семки, кокосово брашно.
Додадете и малку свежо овошје – во овој случај праски, малини и малку боровинки.
Доколку сакате на крај можете да го зачините и со парчиња чоколадо.

Прегледи:
204
Објавено на:
26.08.2020