Категории

РЕЦЕПТ: Со само 3 состојки ослободете се од целулитот. Оваа крема е хит на интернет!

Кожа како „кора од портокал“ или целулитот е еден од најголемите естетски недостатоци кај жените, па дури и оние најслабите имаат проблем со него.

Доколку имате проблем со целулитот, кој се повеќе се наталожува, време е да ја направите оваа крема која за кратко време стана хит на интернет. Иако за отстранување на целулитот најважни се промените во исхраната и телесните вежби, постојат и многу третмани кои можат да ви помогнат во тоа.

Состојки:

  • 5 кесички зелен чај
  • 2 лажички мед
  • пола лажичка цимет
  • жешка вода

Подготовка:

Извадете го чајот од филтер кесичките, а потоа прелијте го со малку вода, за да добиете нешто налик на паста. Во смесата додадете мед и цимет и почекајте кремата да се олади.

Кремата е подготвена за употреба. Нанесете ја на деловите од кожата зафатени со целулит, завиткајте ги со пластична фолија и оставете да делува околу 45 минути.

 

Прегледи:
342
Објавено на:
27.03.2018