Категории

Рецепт: Спречете ги пролетните алергии со овој чај

Пролет е годишното време кое кај голем број на луѓе предизвикува сезонски алергии. Стеблата почнуваат да цветаат, а нивото на полен се зголемува. Иако не постои магичен лек за пролетните алергии, постои начин како можете да ги намалите симптомите.

Еден од подобрите начини за намалување на алергиските симптоми е употребата на лековита билка која го зајакнува имунитетот.

Состојки:

  • плод од шипка 20 гр
  • цвет од липа 15 гр
  • мајчина душица 10 гр
  • цвет од камилица 10 гр
  • плод од анис 10 гр
  • лист од нане 10 гр
  • цвет од невен 5 гр
  • цвет од црн слез 5 гр

Подготовка:

 

На 1 литар ладна вода додадете 2 супени лажици чај. Кога ќе почне да врие, по една минута оставете го на страна пет минути да отстои и потоа процедете го.

Подготвениот чај пијте го во текот на денот.

 

Прегледи:
168
Објавено на:
01.04.2018