Категории

Рецепт за домашен пилинг против целулит кој морате да го вклучите во вашата рутина

Пилингот на кожата е една од најдобрите методи со чија помош ќе можете да ја одржите витална, здрава и долготрајно нежна.

Дерматолозите и козметичарите во неколку наврати нагласуваат зошто пилингот на кожата е значаен за нејзиното здравје а со самото тоа и нејзиниот изглед.

Причината е доста едноставна: Изумрените ќелии на кожата кои се наоѓаат на нејзиниот прв површински слој се отстрануваат на овој начин, а тоа го стимулира производството на колаген а со самото тоа помага и кожата да биде поцврста, да изгледа посвежо и генерално поубаво, додека на допир е значително многу помека.

Пилингот е значаен чекор кој морате да го додадете во вашата рутина за нега.
Не е препорачливо да се користи пилинг секој ден затоа што тоа може да ја исуши кожата, и да ја иритира. Најсигурно е да се користи два до три пати неделно, а после секој пилинг задолжително е да се нанеси богата хидратантна крема или масло за тело.

Во една клиничка студија пред неколку години докажано е дека со 12 недели користење на производи кои во себе содржат кофеин предизвикува значително намалување на појавата на целулит. Кофеинот е еден од најпопуларните состојки на сите козметички производи во борбата против целулитот.

Рецепт за пилинг против целулит

Состојки:

  • 1 и половина шолја мелено кафе
  • 2 лажици топла вода
  • 1 лажица загреано кокосово масло

Начин на подготовка:
Измешајте го кафето и водата, мешајте се додека не добиете компактна смеса, а потоа додадете го кокосовото масло. Додадете уште масло или кафе доколку е неопходно за смесата да стане густа.

 

 

 

Прегледи:
768
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.06.2020