Рецепт за домашно подготвен шампон за коса која брзо се масти

Доколку имате проблем со брзо мастење на вашата коса, тогаш сигурни сме дека сте пробале доста продукти и ако сеуште не сте го пронашле решението, тоа е поради тоа што сеуште не сте го пробале овој домашно подготвен шампон

Чајното дрво е одлична лековите билка а неговата примена во негувањето и убавината е непроценлива. Ова растение го чисти и освежува темето на главата а со самото тоа спречува вашата коса брзо да се измасти.
Уште благотворна состојка во овој шампон е кокосовото масло кое ја хидрира косата и го поттикнува растењето.

Еве како да направите шампон кој ќе и даде свежина на вашата коса и таа ќе изгледа чисто и уредно подолго време:

Состојки:

  • 1 чаша зелен чај (сварен и изладен)
  • 1 лажица кокосово масло
  • 2 лажици природен течен сапун
  • 1 лажица мед
  • 10 капки масло од чајно дрво
  • 30 мл вода

Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки, освен сапунот. Добро мешајте се додека не се соединат, па додадете го течниот сапун. Продолжете да мешате. Доколку соединувањето е тешко, можете да користите и рачен миксер.

Нанесете го на мокра коса шампонот и добро втријте го во скалпот и оставете да одстои на главата околу 5 минути. Исплакнете и на крај нанесете регенератор.




Коментари

[fbcomments]