Рецепт за најмеките хамбургер лепчиња!

Сакате да јадете хамбургер, но немате соодветни лепчиња? Прочитајте го овој рецепт и почнете да ги правите најубавите хамбургери во највкусното лепче!

Потребни состојки:

  • 1 коцка свеж квасец (40гр)
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица пченично брашно
  • 350мл млако млеко

За тестото:

  • 700гр. пченично брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 50мл. масло за готвење
  • 150мл. млеко

За премачкување:

  • 1 јајце
  • сусам

Подготовка:

1. Раздробете го квасецот, помешајте го со шеќерот, брашното и топлото млеко и оставете го да надојде 5 минути.

2. На брашното додадете му сол,прашок за пециво,масло за готвење и надојдениот квасец. Со топло млеко замесете мазно тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го на топло место додека неговиот волумен не се дуплира.

3. Премесете го тестото и поделете го на 9 делови во облик на топчиња. Ставете ги во соодветен сад за печење, премачкајте со јајце и посипете сусам.

4. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Пријатен апетит!




Коментари

коментари