Категории

Рецепт за напиток кој го намалува стресот – Ослободете се од нервозата на природен начин

Како да се ослободите од стресот на природен начин? Постојат различни техники и алтернативи, од јога, медитација, до физичка активност, релаксација во природа, но можат да помогнат и одредени растенија. Ви пренесуваме рецепт за напиток кој помага во намалување на стресот и нервозата, е сосема природен и добар за здравјето.

Лесно се подготвува, вкусен и освежителен, а комбинацијата на лековити билки помага за опуштање на телото и умот. Кога ќе го помирисате, веќе може да почувствувате олеснување. Ви предлагаме да се напиете чаша од овој еликсир по напорниот работен ден, сообраќајниот метеж, трките со деца или какви било други обврски и предизвици. Брзо се прави, еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 лажица лаванда
  • 1 лажичка јасмин
  • нане
  • 1/2 лимон
  • вода
  • мраз

Подготовка:

Измијте неколку стебленца нане. Во садот истурете една кафена лажичка сушена лаванда, една лажичка сув јасмин и исечете половина лимон на кришки без лупење. Додадете го нането и парче лимон, па прелијте со водата. Оставете да отстои околу 15 минути, додадете мраз и уживајте.

Прегледи:
158
Објавено на:
16.06.2022