Категории

Рецепт за среќна и успешна година: Земи ги сите 12 месеци и добро исчисти ги од горчина…

Секој ден посебно исполнете го со фил: една третина работа, третина душевна ведрина и третина хумор – со додаток три лажички оптимизам, една лажица трпение, зрно иронија и прстофат такт.

На почетокот на Новата година да се присетиме на „рецептот“ на еден од најзначајните српски поети, Мика Антиќ за тоа како да си ја направите годината среќна и успешна.

„Земете 12 месеци, добро исчистете ги од горчина, себичност, барање маани и страв. Секој месец внимателно исечкајте го на 30 или 31 ден, за да имате залиха за една година.

Секој ден посебно исполнете го со фил: една третина работа, третина душевна ведрина и третина хумор – со додаток три лажички оптимизам, една лажица трпение, зрно иронија и прстофат такт.

Сето тоа прелијте го со многу љубов.

Готовиот оброк украсете го со букет ситно внимание и сервирајте го секој ден, со задолжителна ведрина, со шолја освежувачки чај.

Среќна Нова 2022 година!

Прегледи:
544
Објавено на:
01.01.2022