Рецепт за суви и испукани стапала

Доаѓа пролетта, па ние сме поблиску до носење отворени чевли, но како изгледаат вашите нозе во моментов?

Ви го претставуваме рецептот што го освои Интернетот, а сигурно ќе ве освои и вам!

Се што ви е потребно за оваа купка е леген со средна големина, 2-4 чаши млеко и малку сода бикарбона.

Упатство:
Загрејте го млекото, но не премногу жешко, а потоа истурете го во легенот. Двете нозе треба да бидат потопени.

Нека вашите нозе се во млекото 5-10 минути, а потоа посипете малку сода бикарбона.


Со нозете промешајте ја содата бикарбона во млекото, а потоа критичните области на нозете, масажирајте ги со добиената смеса.

Масажата треба да трае најмалку половина час, а потоа да ги измиете нозете со топла вода и да ги исушите добро.

Млекото содржи млечна киселина, која ја омекнува кожата, додека содата има абразивни својства кои ја отстрануваат сувата и груба кожа, затоа овие две состојки се совршени за заштита на вашите нозе.




Коментари

[fbcomments]