Категории

Рецепт за вкусен десерт: Полнети урми!

Вкусен, а едноставен десерт кој ќе ги заслади најблиските.

Потребни состојки:

  • 60 урми
  • 1 белка од јајце
  • 150гр шеќер во прав
  • 150 гр мелени ореви
  • 1 чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Се подготвува фил од белка, шеќер во прав и се додава мелени ореви. Се вадат коските од урмите и се филуваат со филот. Се оставаат неколку часа во фрижидер. Потоа се валкаат во стопено чоколадо и се послужуваат.

Пријатен апетит!

Прегледи:
4094
Објавено на:
12.03.2019