Категории

РЕЦЕПТ: Здрав ручек – Чорба од целер и бадеми

Доколку сеуште немате идеа што да подготвите за ручек на денешното мени, ви споделуваме одличен рецепт кој е воедно здрав и неверојатно вкус. Оваа чорба од целер и бадеми ќе ве воодушеви.

СОСТОЈКИ:

  • 1 среден корен целер
  • 1 помал компир
  • 1 помала главица црн лук
  • 50 гр. бадеми
  • 1 л. супа од зеленчук
  • сол

ДЕКОРАЦИЈА:

  • кришки леб
  • бадеми
  • 1 чешне бел лук
  • 20 мл маслиново масло
  • сол

ПОДГОТОВКА:
Во лонец ставете го крупно сецканиот црн лук, компирот и ситно сецканиот селер па прелијте со супа од зеленчук и ставете да се готви.
Бадемите прелијте ги со врела вода па потоа излупете ги, исушете ги измелете ги.
Заедно со зеленчукот додадете ги во блендер сето тоа добро да се измикса па потоа ставете ги во лонецот да се готват.

Во меѓувреме, лебот исечете го на коцки, прелијте го со мешавина од маслиново масло, бел лук и ставете го во плех на хартија за печење па печете во рерна на 200 степени околу 10 минути.

Потоа додадете ги сецканите бадеми и печете уште 5 минути.
Во чинии за сервирање ставете ја чорбата и украсете со печен леб и бадеми.
Пријатно!

Прегледи:
607
Објавено на:
17.11.2020