Категории

РЕЦЕПТ: Зеленчукова супа идеална за после празниците

По празниците, можеби ќе сакате да конзумирате малку полесна храна. Во тој случај, вистинското решение е супа со многу зеленчук, хранлива, богата со растителни влакна и протеини.

СОСТОЈКИ:

  • 1 филе бело пилешко месо (околу 300 гр)
  • 1 кромид
  • половина главица карфиол,
  • полоцин главица брокула
  • 2-3 моркови
  • грст грашок
  • 1 лажичка сол
  • 50 мл масло
  • малку пиперка по вкус
  • листови магдоност
  • 1 лажичка црвена, мелена пиперка

ПОДГОТОВКА;
Ситно исецкајте го кромидот, додадете чаша вода и масло и ставете го на оган да се крчка. Загрејте го кромидот додека не омекне целосно со додавање на малку вода. Додека кромидот врие, исечкајте го месото на коцки, а карфиолот и брокулата одделете ги на мали цвеќенца. Исецкајте го морковот.

Во кромидот додадете месо, морков и грашок. Истурете вода да впие и оставете да се готви околу 20 минути. Потоа додадете брокула и карфиол, црвен пипер, сол и бибер и додадете вода повторно околу два прста над месото и зеленчукот. Гответе на средна топлина уште 20 минути. Определете ја количината на течност според тоа дали сакате погуста или потенка супа. На крај, додадете ги листовите магдонос.

Пријатно!

Прегледи:
35
Објавено на:
12.01.2021