Категории

Рецепти за 6 сосови кои се повкусни од кечап и мајонез!

Сосовите го подобруваат вкусот на јадењето и му даваат сосема нова нота. Меѓу најпопуларните се кечапот и мајонезот, но тие вкусови најчесто ги консумираме. Затоа, во продолжение ви претставуваме 6 рецепти за сосови кои се повкусни од кечап и мајонез.

Шпански салса сос

Состојки:

  • 15 шери домати
  • 1 чешне лук
  • 20 г млад кромид
  • 20 г мирудии
  • 1 лажица балсамико
  • 1 лажица паста од домат
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол и бибер по вкус

Измијте ги доматите, младиот кромид и мирудијата. Во блендер ставете домат, лук, млад кромид, мирудија и направете од сите состојки паста. Во таа смеса додадете балсамико, пастата од домат и маслиновото масло. Посолете и побиберете го сосот и префрлете го во садот за сос.

Прелив за салата

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балсамико
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер по вкус

Подготовка:

Згмечете го лукот. Во мала чинија ставете маслиново масло и балсамико, па додадете го лукот. Промешајте. Додадете му на сосот сол и бибер по вкус. Заворете го сосот со поклопец и добро промешајте. Овој сос ќе биде совршен додаток за вашата салата.

Сос од мирудии

Состојки:

  • 20 г мирудии
  • 6 чешниња лук
  • 1 лимон
  • ½ лажичка кора од лимон
  • 100 мл маслиново масло
  • сол по вкус

Подготовка:

Ситно исечкајте ја мирудијата. Изрендајте ја кората од лимон и исцедете го сокот од лимонот. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не се добие смеса. Готовиот сос префрлете го во тегла. Може да добиете пријатен вкус ако на сосот му се додаде месо, риба или салата со свежа краставица.

Цаѕики сос

Состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 1 краставица
  • 125 мл густ јогурт
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 20 г магдонос

Подготовка:

Згмечете го лукот. Краставицата излупете ја, а потоа исцедете ја. Ситно исечкајте го магдоносот. Внимателно измешајте ги сите состојки во мала чинија.

Кисело-сладок сос

Состојки:

  • 4 лажици вода
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици оцет
  • 1 лажица доматен сос
  • 1 лажица соја сос
  • 3 лажици сок од портокал

Подготовка:

Во мал сад растворете го пченкарното брашно во зовриена вода. Во тенџерето измешајте го шеќерот, доматниот сос, соја сосот и сокот од портокал. Додадете ја во тенџерето смесата од пченкарно брашно и ставете ја на шпорет. Кога ќе зоврие , тргнете го сосот од шпоретот. Сосот се служи жежок.

Песто сос

Состојки:

  • 60 г босилек
  • 2 чешниња лук
  • 50 г пармезан
  • 3 лажици пињол
  • 100 мл маслиново масло
  • сол по вкус

Подготовка:

Измијте го и исушете го босилекот. Крупно исечете го исчистениот лук. Во мала чинија изрендајте го пармезанот. Во блендер ставете ги сите состојки: лук, босилек, пармезан, пињола, третина маслиново масло и прстофат сол.

Изматете го пестото, постепено додавајќи го остатокот од маслиновото масло за да ја добиете потребната конзистенција. Обрнете внимание, пестото мора да биде хомогено.

 

 

Прегледи:
2043
Објавено на:
19.09.2019