Категории

Револуција во убавината: Големиот бренд престана да го прикрива целулитот и стриите

Конечно еден голем бренд сфати дека жените изгледат така како што изгледаат и дека нема никаква смисла да им се сервираат фотошопирани модели и некои измислени идеали за убавина.

Во H&M, повеќе не се сокрива целулитот, стриите и другите недостатоци на кожата на моделите кои ги носат нивните колекции. Тие направија голем чекор покажувајќи жени кои не се ни модели ниту пак совршени, како нешто сосема нормално и прифатливо.


Секако, жените од сите краишта на светот се воодушевени од оваа пракса на брендот, коментирајќи дека беше време да се исрлат нереалните наметнати стандрди за убавина. Тие се пресреќни што конечно се повеќе се промовира природната убавина на жената.

„Ви благодарам многу H&M што не ги прикривате стриите, дупките и останатите несовршености на моделите кои ги носат вашите костими. Тоа што не ги обработувате фотографиите ни помага на нас жените да не се споредуваме со нереалните стандарди на телото и да се чувствуваме нормално“, прокоментирала една жена.

Прегледи:
480
Објавено на:
27.07.2018