Револуционерно решение за негувана и свежа кожа: Дозволете и на вашата кожа да говори за вас!

Сјајната и мазна кожа не е случајност, таа е резултат на константна грижа и повремени третмани кои ја доведуваат до совршенство. Годините, временските услови, начинот на живот се фактори кои оставаат белег врз неа, па поради тоа од особено значење е да посветите време и внимание за одржување на убавината и еластичноста на кожата.


За таа цел, ви ја претставуваме црната маска која е воедно првиот Antiaging пилинг со активен карбон. V Carbon System се состои од два продукти –  V Carbon Fil и V Carbon Spray кој овозможува среден или длабок пилинг третман, во зависност од потребите на клиентот. Во ова револуционерно откритие за нега на лицето може да уживате во најпознатиот Anti Aging центар – Promoitalia.

V Carbon е идеално решение за ефективни третмани против стареење или во комбинација со ласерски третман, а со негово користење ги добивате следните бенефити:

Намалување на брчките на кожата

Благодарение на природните ексфолијанти и антиоксиданти – Ferulic Acid, Mandelic Acid, Lactic Acid со регенеративни и освежувачки квалитети и антиоксидантни компоненти Black ginger extract Liquorice extract кои овозможуваат прочистување и детокс, кожата по овој третман ги намалува и измазнува брчките, давајќи и на кожата еден нов и свеж изглед.

Затегнување и чистење на проширените пори

Во текот на денот не сме ни свесни за количината на токсини која навлегува во нашите пори (особено од загадениот воздух). Кога порите не се чисти, тоа се одразува негативно на кожата. V Carbon ја отстранува нечистотијата од нив, ги затегнува и ги прави помалку видливи. Овој процес предизвикува свежина на вашето лице.

Ги третира акните, лузните и дисколорациите

Во зависност од видот на акните или лузните, со користењето на V Carbon кожата се ослободува од токсините и маснотијата која создава акни, а истовремено ги измазнува веќенастанатите лузни на кожата.

Покрај овие придобивки, треманот V Carbon ја подобрува текстурата на кожата, има лифтинг ефект, ги отстранува мртвите клетки од површинскиот слој на кожата и го поттикнува производството на колаген.V Carbon e обезбеден во шишиња со ултравиолетов филтер за да се задржи активноста на квалитетот на јагленот и сите компоненти.


Посетете го Anti Aging by Promoitalia и вратете ја свежината на кожата која особено е загрозена во зимските денови исполнети со загаден воздух на кој е изложена секојдневно. Посветете време на себе, бидете негувани и дозволете вашата кожа да ја раскаже вашата приказна.




Коментари

коментари