Револверот со кој се самоубил Винсент ван Гог продаден на аукција за 130.000 долари

Винсент ван Гог бил холандски сликар кој оставил големи траги во уметноста во 20-тиот век. За жал, неговиот живот прерано завршил, на 37 годишна возраст, кога сам си го одзел животот. Револверот за кој се верува дека Винсет го искористил за самоубиството е продаден на аукција за 130 000 долари.

Револверот со кој најверојатно Винсент ван Гог го извршил самоубиството е продаден на аукција во Париз. Сумата која ја достигнал е 130 000 долари.
Купувачот чие име не е познато сега поседува револвер од 7 милиметри.
Оружјето е откриено во 60-тите години на минатиот век во нива во северно француско село. Се верува дека токму на тоа место Ван Гог пукал во своите гради во 1890-тата година.


Семејството на поранешните соптвеници на гостилницата во која сликарот починал два дена подоцна како последица на огненострелната повреда, одлучило да го продаде револверот, откако во 2016 година бил прикажан на изложба во Амстердам во музејот на Ван Гог.




Коментари

коментари