Категории

Резервирај.мк од денес е вашиот партнер за лесни резервации

Дали некогаш сте се запрашале како можете да резервирате маса за одреден настан во некој локал? Или пак сте се нашле во непријатна ситуација додека сте го барале менаџерот на локалот на телефон?

Од сега, сето тоа е минато. Резервирај.мк е новиот виртуелен менаџер кој што ќе Ви помогне брзо и лесно да резервирате маса на одреден настан во одреден локал. Тоа можете да го направите преку избирање на посакуваната маса од визуелна мапа на локалот, каде што бирате каде сакате да седите, или пак со пополнување на едноставен формулар. Веднаш потоа потврдата за вашата сигурна резервација ќе Ви пристигне на емаил адреса.

Зад Резервирај.мк стои тимот на младиот македонски стартап SolutionsBit, кој постои нешто повеќе од 5 месеци. Тимот претходно неформално постоеше како Dream Killers и победија на технолошкиот маратон Codefest 2016. Ко-основачите на SolutionsBit, Христиан Илиоски, Никола Кусибојовски, Васко Теохаров и Симеон Здравески велат дека се одлучиле за вакво решение, затоа што заклучиле дека постои проблем во организирањето на настаните во сите локали низ Македонија, а и пошироко низ Балканот.

“Целта е да им се помогне не само на корисниците кои ќе можат да проверат дали има слободно место и да си резервираат, туку и на локалите. Работата на локалите ќе биде поедноставна. Отсега ќе имаат веб платформа, преку која ќе можат да ги организираат настаните, да водат евиденција за резервациите, кои промоции ги нудат, колку гости присуствувале и се останато што на еден менаџер или сопственик на локал би можело да му биде од корист и би му ја олеснило работата“, изјавија од тимот.
Она што е најважно е дека нема да има ѕвонење по телефони и да паметат кој гостин каде да го сместат, или да водат одредени статистики на хартија.

Rezerviraj.mk од денес е активна и веќе можете да ги видете првите локали кои што се наоѓаат на платформата и каде се можете да резервирате, а во меѓувреме можете да ја посетите и facebook страната или инстаграм профилот, каде што можете да дадете некои совети, пофалби, критики или да го контактирате тимот на е-маил адресата [email protected].

Прегледи:
480
Објавено на:
15.11.2016