Рибите шега, Шкорпиите лага: Работи кои хороскопските знаци не ги толерираат!

Сите ние доживуваме одредени ситуации на поразличен начин. Еве каква ситуација во пријателството хороскопските знаци воопшто не ја толерираат.


Секој знак реагира различно, нешто што е многу навредливо за Близнаците, за Лавот е во ред. Затоа е секогаш добро да се знае какво однесување одредени знаци воопшто не толерираат.

Работи кои во никој случај не треба да ги направите со овие хороскопски знаци:

Овен♈
Не ги провоцирај. Претежно имаат многу краток фитил, агресивни се и импулсивни. Плус, тие се многу физички силни, секогаш во одлична форма и голема е веројатноста дека ќе ве повредат ако не знаете да процените кога е доволно.

Бик♉
Не им кажувајте лоши работи за храната. Биковите сакаат да ја споделат својата храна со вас, особено ако самите ја подготвиле. Но, ако им ја оцрните нивната храна, тие ќе бидат повеќе од навредени, ќе паднете во нивните очи и ќе ја изгубите нивната почит.

Близнаци♊
Не ги прекинувај кога зборуваат. Близнаците се секогаш расположени за комуникација и ако ги прекинувате, тие сметаат дека им го одземате правото на дишење. Тие не можат да преживеат ако им се скрати правото да го искажат своето мислење за секоја можна тема.

Рак
Не ги критикувај. Раковите можат да бидат многу несигурни, ако им дадете конструктивна критика, тоа е исто како да ги удирате по стомакот. Дури и тоа ќе ги повреди помалку од упатената критика.

Лав♌
Не се обидувај да го украдеш неговото место. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и да имаат добра лидерска улога, па ако се обидете да се натпреварувате, вие автоматски ја завршувате приказната со нив. Затоа што е крајно комплицирано да се убеди Лавот да ти прости.

Девица♍
Не се натпреварувајте со нив. Ако само кажете дека нешто што Девица направила е неточно или неисправно, таа ќе ги искористи сите свои истражувачки и аналитички вештини за да докаже дека е во право. Ним нема да им е грижа колку време ќе трае, сé ќе направи само за да докаже дека сте погрешиле и дека нејзиното мислење е секогаш правилно.

Вага♎
Не ги форсирај. Вагите не сакаат конфронтација и дебата, а пред сè не им се допаѓа кога некој ќе ги присили да донесат одлука во истиот момент. Обидот да стори нешто што вклучува една од овие работи може да ја предизвика Вагата да создаде хаос. Верувајте, тогаш воопшто не се слатки.

Шкорпија♏
Не ги лажете. Шкорпиите се интензивни, страсни личности кои не простуваат и не толерираат лаги. Ако лажеш Шкорпија, ќе западнеш во сериозна стапица и ќе си го претвориш животот во пекол.

Стрелец♐
Не ги врзувајте. Стрелецот има постојана потреба да се чувствува слободен, физички и емоционално. Ако ги прашувате многу или се обидете се да ги спречите да одат некаде, тие ќе експлодираат.

Јарец♑
Не им фолирајте. Јарците се искрени и чесни, кога некој ги лаже и им глуми како пријател, тоа може да доведе до моментален прекин во било која форма на пријателство. Нивната желба да се дружат со вас целосно ќе исчезне.

Водолија♒
Не се обидувајте да ги промените. Водолиите се уникатни луѓе кои сакаат да го следат ритамот на некои од нивните внатрешни мелодии, ако се обидете да ја промените нивната мелодија, тие ќе ве замразат и ќе ве прогонуваат засекогаш.

Риби♓
Не се шегувајте со нив. Рибите се многу чувствителни луѓе и ако ги исмеете на грд начин, ќе активирате емотивна лавина во нив која нема да можете да ја запрете, ниту да издржите.




Коментари

коментари