Ријана на венчавката на својата најдобра пријателка уште еднаш докажа зошто е најголема ѕвезда

Како е да се биде една од најплатените ѕвезди на денешницата, а сепак да останеш нормална личност? Многумина не го знаат одговорот на тоа прашање, но изгледа Ријана (30) одамна ја има пронајдено формулата за тоа, а тоа уште еднаш го докажала во текот на викендот за време на венчавката на нејзината најдобра пријателка од детството.

Рири одлучила да ги откаже сите обврски и да присуствува на венчавката на Барбадос, каде што била една од деверушите. Славната пејачка за оваа пригода носела впечатлив фустан во мастило боја, длабоко деколте и крој кој совршено им прилега на нејзините облини.

So gorgeous 😍 @badgalriri • #Rihanna #Rihana #BadGalRiRi

A post shared by Rihanna (@rihanarihana_) on

Меѓутоа, иако фустанот сам по себе е убав и впечатлив, најубавиот дел од целата приказна е што Ријана носела ист фустан како и сите останати деверуши, а по фотографиите се гледа дека уживала во тоа.

Тоа не покажува само колку е Ријана добра пријателка, бидејќи ја исполнила желбата на невестата, туку и колку е нормална личност, неоптеретена со комплекси кои толку често ги гледаме помеѓу славните, но се почесто и помеѓу обичните луѓе.




Коментари

коментари