Чек дис аут
Search

Ријана во свилено кимоно со длабоко деколте и шлиц на филмска премиера

Музичката дива ги освои сите погледи во сексапилен стајлинг

Ријана моментално е зафатена градејќи ја својата модна и beauty империја додека ноншалантно ги избегнува прашањата за долгоочекуваниот деветти по ред албум за кој фановите веќе одамна се нестрпливи. Во меѓу време таа присуствуваше на премиерата на „Queen & Slim“ во Лос Анџелес.
Таа беше почесен гостин на новиот филм на режисерот Мелина Матсукас кој исто така режираше дел од нејзините видео спотови.

Пеачката мамеше погледи облечена во свилен фустан-кимоно потпишан од модната куќа John Galliano од колекцијата пролет 1995 која беше прикажана за време на Париската модна недела.
Провокативиот стајлинг таа го заокружи со ташна од истиот бренд, впечатлив накин и сандали на висока потпетица.

 




Коментари

[fbcomments]