Категории

Рики Мартин ужива во улогата на татко: Сакам уште деца!

Популарниот пејач Рики Мартин преку сурогат мајка ги доби близнаците Матео и Валентино, кои сега имаат 9 години, а бидејќи во јануари оваа година стапи во брак со сликарот Џван Јосеф, смета дека наскоро треба да го прошири своето семејство.

#AllBlack #TimeisUP #GoldenGlobes

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on


Имено, пејачот откри дека ги обожава своите деца, но дека тоа е само почеток: „Ги обожавам моите синови. Разговорите кои ги водиме се неверојатни. Најпрво бевме две деца и еден татко, па потоа семејството се прошири и сега сме двајца татковци и две деца. Тоа е само почеток, сакаме поголемо семејство“ – изјави тој.

🤟🏼 . . . Sunday in bed all day

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on


Дали ќе се одлучи на ист начин да добие уште деца сеуште не е познато.

Прегледи:
300
Објавено на:
20.04.2018