Рио Фердинанд на одмор со својата девојка во Дубаи

Англискиот фудбалер Рио Фердинанд сподели фотографија со неговата девојка Кејт Врајт, како се забавуваат со неговите деца во Дубаи. 

Таа ја зазема улогата на маќеа на неговите три деца 11 годишниот Лоренз, Тејт кој има 9 години и Тиа 6, и поминуваат забавен одмор во Дубаи играјќи си во песокот.

Рио ја најде среќата повторно после три години, откако ја изгуби својата сопруга и мајката на неговите деца, 34 годишната Ребека Елсон, која почина после кратката борба со ракот.

26 годишната Кејт Врајт сподели со своите фанови фотографија во бикини и ги покажа своите облини. Тие започнале да се гледаат во 2016 година, а врската очигледно е веќе сериозна.

 




Коментари

коментари