Видео: Приказната зад најопасниот филм што некогаш бил снимен

Филмот „Roar“ на Ноел Маршал од 1981 година се смета за најопасниот филм што е снимен. Во текот на неговата реализација биле повредени 70 членови на филмскиот екипаж.

Во овој филм станува збор за човек кој заедно со семејството живее во дивина опкружен со голем број диви животни како лавови, тигри, слонови и други животни.

Идејата за него Маршал ја добил откако со неговата сопруга Типи Маршал вдомиле лав во својот дом во Лос Анџелес. Всушност, во филмот е снимена скоро деценија живот на ова семејство заедно со 150 диви животни.

Интересно е што филмот повторно ќе се емитува во САД. Една од главните улоги во филмот ги толкува Мелани Грифит која завршила со итна хируршка реконструкција на лицето, додека снимателот Јан де Бонт завршил со 220 конци по напад на лав.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=9RmnuHTJI9U[/tube]




Коментари

коментари