Категории

Роберт де Ниро во улога на бегалец (видео)

Роберт де Ниро во соработка со Вудкид и Нилс Фрам учествуваше во осмислувањето на албумот за мигрантската криза.

Покрај музичкиот аспект, тој се појавува и во краткиот филм каде го толкува ликот на мигрант кој лута низ ходниците на напуштената болница “Ellis Island” во Њујорк.

Оваа болница некогаш била центар за првите мигранти кои доаѓале во Америка.

“Роберт кажува сѐ во 17 минути. Ние не се соочуваме со мигрантска криза. Се соочуваме со криза, бидејќи не прифаќаме, не симпатизираме и не се ослободуваме од стравот. Уметноста може да го поттикне ова и јас се надевам дека овој проект ќе ни помогне на сите да се избориме со стравот”, рече композиторот Фрам за “Fact”.

Прегледи:
369
Објавено на:
01.06.2016