Категории

Робин Вилијамс: „Секој од нас води некоја битка за која не знаете. Бидете фини. Секогаш.“

Човекот кој го паметиме по многубројните улоги, кој секогаш успеваше да не насмее  и расположи. Но, луѓето со најдобра смисла за хумор се вели дека најчесто се најтажни. Па така и тој реши прерано да го заврши својот живот, оставајќи зад себе многу мудри мисли и прекрасни улоги.

„Сите вие имате една мала искра лудило. Не смеете да ја изгубите.“

„Порано мислев дека најлошото нешто што може да ви се случи е да завршите сам. Но не бев во право. Најлошото нешто во животот е да завршите со луѓе кои ве прават да се чувствувате осамено.“

„Мислам дека најтажните луѓе секогаш се трудат да ги направат луѓето среќни. Бидејќи тие знаат што значи да се чувствуваш апсолутно безвредно и не сакаат никој друг да се чувствува така.“

„Без разлика што ви велат другите, зборовите и идеите можат да го сменат светот.“

„Смртта е начин на природата да ви каже „Вашата маса е подготвена.“

„Секој од нас води некоја битка за која не знаете. Бидете фини. Секогаш.“

„Секогаш мислев дека идејата на образованието е да научиме да размислуваме самостојно.“

„Ако жените владееја со светот немаше да има војна, туку само интензивни преговори на секои 28 дена.“

„Плачењето никогаш не му помогнало никому, ОК? Ако имаш проблем, соочи се со него.“

„Добрите луѓе завршуваат во Пеколот бидејќи не можат да си простат себеси.“

Прегледи:
486
Објавено на:
16.11.2021