Родени сте во јули? Ова се 6 научно докажани причини зошто сте посебни!

Бидејќи ја отворивте оваа статија, веруваме дека или сте родени во јули, или пак имате некоја драга личност која е родена токму во овој месец. Луѓето родени во јули се одвојуваат од толпата. Тие го гледаат животот од различна перспектива и се особено шармантни. 

1. Тие се големи оптимисти

Луѓето родени во јули секогаш гледаат на посветлата страна во животот. Дури и кога им се случуваат илјадници лоши работи, ќе ги забележите насмеани и среќни макар и поради една добра работа која им се случува. Истражувањата покажуваат дека овие луѓе ја гледаат чашата секогаш полу полна и секогаш шират позитивна енергија.

2. Многу познати и успешни луѓе се родени во јули

Месецот јули го добил своето име според познатиот лидер Јулиус Цезар кој бил роден на 12 или 13 јули и неговото име се поврзува со историјата на Римската Империја. Но, дали знаевте дека и многу други познати и влијателни личности се родени овој месец? Нелсон Мандела, Принцезата Дајана, претседателите на САД (Џон Квинси Адамс, Келвин Кулиџ, Џералд Форд и Џорџ Буш). Пријанка Чопра, Лив Тајлер, Марго Роби, Том Круз, Селена Гомез и многу други.

3. Кога станува збор за емоциите

Според истражување спроведено во Јапонија, луѓето родени во лето и пролет се смирени по природа. Всушност, тие вежбаат „ефективна контрола“ (способноста да избереш начин на реагирање при конфликт и да ја планираш иднината), за разлика од луѓето родени во есен или зима.

4. Образовани личности

Според истражување спроведено во Велика Британија, луѓето родени во овој месец имаат поголеми шанси да остварат високо образование. Ова се поврзува и со фактот дека родените во јули се најмладите во класот.

5. Тие се повисоки

Една студија покажува дека бебињата родени во овој месец се повисоки од останатите. Не само тоа, тие и понатаму во животот најчесто се повисоки од останатите.

6. Многумина од нив се левучари

Истражувањата покажале дека луѓето родени помеѓу март и јули се вбројуваат во најголемиот број на левучари, а оние од август до февруари најчесто се десничари.




Коментари

[fbcomments]