8 квалитети на луѓето родени во март

happy-family-silhouette--580x386

Често непредвидлив и променлив, март е месец во кој се јавуваат и првите весници на пролета. Деновите се подолги, а овој месец многумина го сакаат поради тоа што природата повторно се буди и раѓа па во воздухот може да се осети позитивност.  А што е со личностите родени во овој месец? Следните карактеристики најдобро ги опишуваат.

mart

ВЕЛИКОДУШНОСТ – Личностите родени во март се великодушни и чувствителни. Тие имаат големо срце со ќе ги освојуваат сите околу себе. Оваа карактеристика ги поттикнува да продолжат да прават несебични дела.

СМИРЕНОСТ – Личностите родени во овој месец сакаат да се држат подалеку од  вревата на секојдневниот живот и да уживаат во некое тивко катче зафатени со своите мисли. Далеку од тоа дека се недружељубиви, но едноставно не се пронаоѓаат во друштво на гласни луѓе па попрво е одберат мир и спокој наместо слава и богатство.

ТАЛЕНТИРАНОСТ – Личностите родени во март се исклучително талентирани и најчесто се уметнички души. Сакаат  ликовна уметност и музика. И самите се креативни  и може да создадат вистински дела со своите раце.

ВЕРНОСТ – Личностите родени во март многу ретко, речиси никогаш, се подложни на неверства. Тие се посветени и ќе останат со личноста која им значи дури и во најтешките животни мигови.

mart

ИНТУИЦИЈА – Личностите родени во овој месец имаат изразена интуитивност и речиси е невозможно да ги излажете. Во секунда може да сфатат доколку станува збор за некакви сплетки и поради тоа имаат голем број на непријатели. Секако, тие не се грижат околу тоа, бидејќи веруваат во чесност и искреност.

ПРИЛАГОЛИВОСТ  НА ПРОМЕНИ – Личностите родени во овој месец  лесно се прилагодуваат на условите на животната средина но и на сите животни ситуации. Оваа нивна способност воедно е најсилната карактеристика која ја поседуваат.

МУДРОСТ – Тие се скриени филозофи. Размислуваат со својата глава и другите многу малку може да влијаат врз нив. Доста често и многу лесно наоѓаат излез и од најзамрсени животни ситуации.

РАДОСТ – Личностите родени во овој месец имаат позитивен дух и му се радуваат на животот. Тие ја шират радоста каде и да одат. Секогаш одат со крената глава и умеат да се смеат и кога е тоа најтешко. БРАВО!




Коментари

коментари