Категории

Ролат со лешник: Совршен и брз десерт! (РЕЦЕПТ)

Совршен десерт кој ги задоволува сите ваши сетила!

Состојки за кората:

  • 5 јајца
  • 100 г шеќер
  • 40 г како во прав
  • две лажици брашно
  • малку сол
  • зачини (цимет, ореви)
  • путер за подмачкување на плехот

За филот:

  • 250 мл слатка павлака
  • 100 г црно чоколадо
  • арома ванила

Глазура:

  • 100 г млечно чоколадо
  • 20 г путер
  • 50 г покрупни мелени печени лешници

Подготовка:

За филот ставете го чоколадото да се стопи, а павлаката изматете ја. Кога ќе се олади чоколадото, помешајте го со павлаката и додадете арома од ванила. Ставете во фрижидер да се олади.

Вклучете ја рерната на 220 степени, додадете третина шеќер и направете цврст шлаг. Жолчките изматете ги со остатокот од шеќерот, па додадете го какаото, солта, зачините и брашното и измешајте. Потоа полека додавајте ги белките. Кога ќе соедините сѐ, прелијте ја смесата во плех и печете околу 7 минути.

Кога ќе ја извадите кората од рерна, превртете ја на чиста крпа, па свиткајте ја заедно со крпата. Така ќе остане еластична. Кога ќе се олади, ставете и фил и повторно завиткајте ја. Стопете го чоколадото со путер и ставете ги и сечканите лешници, па оладениот ролат прелијте го со глазура.

Добар апетит!

Прегледи:
839
Објавено на:
03.05.2019