Категории

Роси: Беше тежок викенд, но мора да бидам задоволен

Италијанскиот возач во Јамаха, Валентино Роси последната трка во Мото ГП шампионатот за големата награда на Ле Ман ја заврши на втората позиција.

Роси после трката порача дека ова беше тежок викенд за него со неколку грешки но сепак на крајот може да биде задоволен како се заврши.

„Кога ќе стартувате од третиот стартен ред од седмата позиција и ќе завршите како второпласиран, тогаш морате да бидете задоволни. Ова беше тежок викенд за мене со неколку грешки но на крајот се добро заврши“ – рече Роси.

Роси после оваа трка е третопласиран во шампионатот со 12 бодови помалку од Лоренцо кој славеше во Ле Ман.

Прегледи:
587
Категории:
Автомото · Спорт
Објавено на:
11.05.2016