Кој вели дека ручекот не може да се подготви за 10 минути? Ова тврдење го побиваме со рецептот за лосос во комбинација со прекрасни ароми од зачини.
Состојки:
- 450 гр филети лосос
- 50 мл јаворов сируп
- 60 гр сенф
- 2 лажички маслиново масло
- 2 чешниња лук
- сол
- бибер
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
- Во сад измешајте го јаворовиот сируп, сенфот, исечканиот лук, малку масло, сол и бибер.
- Ставете го лососот во мешавината и оставете го во фрижидер половина час.
- Ставете ги филетите во плех за печење обложен со хартија за печење и печете 10-12 минути.