Ружата не ја губи својата убавина поради трњата – Научете да ги сакате своите маани

Животот е премногу краток за да си замерувате на себеси за животните грешки. Никој не е совршен, а оваа приказна ќе ви покаже како во себеси да го гледате само она доброто.

Еден ден еден човек засадил ружа и секој ден ја полевал и внимавал на неа. Пред да процвета тој почнал детално да ги надгледува пупките кои наскоро почнале да се отвораат како и трњата по целото стебло.

Застанал и почнал да размислува како е возможно еден толку прекрасен и миризлив цвет да има стебло полно со трња. Поради тоа се замислил и онерасположил и заборавил да ја полее ружата која после неколку дена се исушила и овенала уште пред целосно да процвета.

Тоа често ни се случува и нас самите. Во длабочината на секој од нас се крие прекрасна ружа. Затоа што квалитетите и талентите кои ни се подарени нам на денот на нашето раѓање растат помеѓу трњата на нашите грешки. Многумина меѓу нас кога мислат за себеси ги гледаат само своите грешки.

Очајуваме мислејќи дека нема да можеме да постигнеме ништо важно во животот. Забораваме да го полееме доброто во нас и на крајот, тоа умира. Не сме свесни за своите можности. Понекогаш не ја гледаме ружата која се крие во нас и затоа некој друг треба да ни ја покаже.

Најголемото добро кое една личност може да го направи е да помине преку своите трња и да ја пронајде ружата во душата на некоја друга личност. Тоа е вистинската љубов спрема својот близок, и покрај неговите маани да ги откриеме сите негови квалитети. Помогнувајќи му да ги премине сите своите грешки и да ги оствари своите соништа, да ја открие ружата која живее длабоко во него и која полека се пробива низ трњата и на крајот расцветува во стотина цветови.

Нашата задача на овој свет е да им помогнеме на другите покажувајќи им ги нивните ружи а не трња, и само тогаш можеме да дадеме и почувствуваме љубов спрема сите луѓе. Ако тоа ни успее тогаш во нашата сопствена градина ќе цветаат ружи.




Коментари

[fbcomments]